Увоз на американски возила до 10 години старост

Bez autora
Feb 01 2011

Користени автомобили ќе се увезуваат од Соединетите Американски Држави по примерот од минатата година кога Владата одобри да се увезуваат половни возила од Европската унија. За таа цел Владата го задолжила Министерството за економија да направи измена на Правилникот за единечно одобрение за увоз на возила со еуро 1, 2 и 3 со цел да се олеснат условите за увоз и регистрација на коли со потекло од САД, со што ќе се дозволи Македонците да возат половни и поевтини американски автомобили. Агенцијата за животна средина на САД ќе издава сертификат за исполнување на строгите стандарди со кои се потврдува дека возилата се безбедни за сообраќај. Таа вели дека според анализите на Министерството за економија станува збор за американски возила со висок квалитет и кои соодвествуваат со карактеристиките на возилата што ги пропишуваат европските стандарди.

Увоз на американски возила до 10 години старостКористени автомобили ќе се увезуваат од Соединетите Американски Држави по примерот од минатата година кога Владата одобри да се увезуваат половни возила од Европската унија.

За таа цел Владата го задолжила Министерството за економија да направи измена на Правилникот за единечно одобрение за увоз на возила со еуро 1, 2 и 3 со цел да се олеснат условите за увоз и регистрација на коли со потекло од САД, со што ќе се дозволи Македонците да возат половни и поевтини американски автомобили.

- Агенцијата за животна средина на САД ќе издава сертификат за исполнување на строгите стандарди со кои се потврдува дека возилата се безбедни за сообраќај - вели портпаролката на Министерството за економија, Селвет Барути.

Таа вели дека според анализите на Министерството за економија станува збор за американски возила со висок квалитет и кои соодвествуваат со карактеристиките на возилата што ги пропишуваат европските стандарди.

- Владата даде можност да се увезуваат половни возила и од други држави, а не само од Европа. Од САД ќе може да се увезуваат возила произведени од 2001 година па наваму - појаснува Барути.

Ако досега регистрацијата, а со тоа и увозот, беа отежнати поради критериумите за хомологација коишто не беа по терк на најголем дел автомобили со потеколо од САД, туку беа услогласени според европските стандарди, во иднина овие критериуми ќе се спуштат за да се овозможи пререгистрација на американски коли на македонски таблички.

Сегашните критериуми овозможуваат пререгистрирање само на одреден тип возила од САД што ги исполнуваат условите за хомологација што важат во Европа со што се ограничуваше помасовен увоз на различни марки автомобили од САД.

Барути вели дека увезените возила од САД ќе се царинат согласно постојаната царинска стапка, а времето од кога ќе важи мерката, се уште не се знае.

Во Македонија засега нема овластен дистрибутер на американски автомобили, ниту пак, овластен сервис за нивно оржување.

Ваквиот потег за олеснување и за американски возила следува откако Владата ја прогласи за успешна мерката со којашто минатата година ја спушти старосната граница за увоз на европски коли.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik